Фото: пиксабеј

Топлотниот бран што го погоди југоисточниот дел на Австралија предизвика шумски пожари поради што стотици луѓе се евакуирани.

Температурата во главниот град на австралиската сојузна држава Викторија, Мелбурн, се искачи на 45 Целзиусови степени. Во северозападниот дел на Викторија измерени се рекордни 48,9 Целзиусови степени.

Во Викторија во моментот активни се шест големи шумски пожари, од кои три се надвор од контрола. Огнот најбргу се шири во регионот Отвајс, каде што изгореа приближно 10.000 хектари површина и уништени се најмалку три објекти. Гаснењето е отежнато поради силниот ветер.

Поради топлотниот бран, организаторот на тенискиот турнир „Австралија опен“ соопшти дека натпреварите ќе се одржуваат на надворешните терени со затворени покриви.