Општина Центар доделува субвенции за млади лица за полагање возачки испит Б-категорија во автошколи регистрирани на подрачјето на општината.
– Право на субвенција имаат жители на локалната самоуправа кои во текот на 2026 година навршуваат 18 и 19 години (родени во 2007 и 2008 година), како и лица кои во 2025 година навршиле 19 години (родени во 2006 година), а уплатата за полагање на возачки испит ја извршиле во 2025 година – информираат од Општина Центар.
Висината на субвенцијата изнесува 10.000 денари со вклучен ПДД, а се користи исклучиво за полагање возачки испит Б-категорија.
-Со овие субвенции ги мотивираме младите навремено да го положат возачкиот испит и безбедно да се вклучат во сообраќајот. Ова воедно е олеснување за семејниот буџет бидејќи добивањето возачка дозвола е прескап процес, но во исто време неопходен за секој млад човек – порача градоначалникот Горан Герасимовски.
Барањата со комплетна документација се доставуваат во архивата на Општина Центар – Скопје (барака бр. 6), секој работен ден од 09 до 15 часот.
За дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат на телефон 02/3203-600 или на е-мејл адресите[email protected] и [email protected].

































