Министерката за образование Весна Јаневска, во интервју на МРТ1, рече дека учениците во Македонија имаат помалку часови од нивните врсници во ЕУ и нагласи дека тие се стандардите кои Македонија сака да ги достигне.
-Нашите ученици до 15 години имаат 900 часа помалку од нивните врсници во Европската Унија, чии стандарди ние сакаме да ги достигнеме и во кој клуб сакаме да се приклучиме. Но, ние, повозрасните, и родителите треба да знаат дека е неопходно да се почитува редот во образованието – рече министерката Јаневска.

































