РАКОМЕТ
Во групата Ц, во првиот ден на 17. Европско првенство (ЕП) за ракометари, во Данска, Норвешка и во Шведска, актуелниот европски шампион Франција ја победи Чешка со 42-28, а сите 16 играчи на Франција влегоа во игра, пишува Европската ракометна федерација (ЕХФ). Со постигнатите 42 гола, Франција го надмина својот претходен личен рекорд за најмногу постигнати голови на еден меч на ЕП (41), кој датира од финалето во 2014 година против Данска. Во истата група Норвешка ја победи Украина со 39-22, што е рекордна победа на Норвежаните на ЕП, пишува ЕХФ. Претходниот рекорд на Норвежаните изнесуваше 11 гола разлика. На таа средба централниот бек на Норвешка, Сандер Сагосен, го постигна својот 200. гол на европските првенства.
Во групата А, Германија останува непоразена во официјалните мечеви против Австрија, победувајќи на првиот натпревар на ЕП 2026 со 30-27. Дуелот на соседите, на кој присуствуваа 5.820 гледачи, ги виде двете исклучително подвижни и активни одбранбени екипи. Во вториот натпревар од таа група, Шпанија оствари победа над Србија со 29-27, предводена од поранешниот стратег на Вардар и на репрезентацијата на Македонија, Раул Гонзалез.
Резултати, двојки: Група А: Шпанија – Србија 29-27, Германија – Австрија 30-27. Второ коло: Австрија – Шпанија (18 ч.), Србија – Германија (20.30 ч.).
Група Б: Португалија – Романија синоќа, Данска – Македонија синоќа. Второ коло: Македонија – Португалија (утре, 18 ч.), Данска – Романија (утре, 20.30 ч.).
Група Ц: Франција – Чешка 42-28, Норвешка – Украина 39-22. Второ коло: Украина – Франција (18 ч.), Чешка – Норвешка (20.30 ч.).
Група Д: Словенија – Црна Гора синоќа, Фарски О. – Швајцарија синоќа. Второ коло: Црна Гора – Фарски О. (утре, 18 ч.), Швајцарија – Словенија (утре, 20.30 ч.)
Група Е: Хрватска – Грузија (18.30 ч.), Шведска – Холандија (20.30 ч.). Второ коло: Холандија – Хрватска (понеделник, 18 ч.), Грузија = Шведска (понеделник, 20.30 ч.).
Група Ф: Исланд – Италија синоќа, Унгарија – Полска синоќа. Второ коло: Полска – Исланд (утре, 18 ч.), Италија – Унгарија (утре, 20.30 ч.). Г.И.

































