Нов простор, нова енергија, исти вредности – за уште подобра услуга
Триглав Осигурување АД, Скопје со задоволство објавува дека од денес, 29 декември, 2025 година продолжува со работа во нови, современи простории, на бул. 3-та Македонска Бригада бр. 36, комплекс Порта Супериум.
Овој чекор произлегува од долгорочната стратегија на компанијата за стабилно и одржливо работење, унапредување на деловните процеси и обезбедување на современи, достапни и ефикасни услуги, прилагодени на потребите на клиентите и пазарните услови.
– Новиот деловен објект овозможува современи услови за работа, функционална организација на просторот и соодветна достапност за клиентите и деловните партнери, сè со цел да обезбедиме уште подобро корисничко искуство. Притоа, ги задржуваме високите стандарди на професионалност, сигурност и доверба, по кои што сме препознатливи – изјави Ѓорѓе Војновиќ, Главен извршен директор на Триглав Осигурување.
Тековното работење на компанијата продолжува континуирано, при што сите услуги, контакти и канали за комуникација остануваат непроменети.
Со изборот на новото седиште, Триглав Осигурување демонстрира јасна визија за иднината – визија, која што се темели на стабилност, функционалност и ориентираност кон клиентите.
Новата локација на Триглав е на следниот линк: https://maps.app.goo.gl/qyCs3tDGWeo1WKuM6
За повеќе информации обратете се во Службата за маркетинг и односи со јавност, Триглав Осигурување, бул. 3-та Македонска Бригада, бр. 36, 1000 Скопје, e-mail: [email protected], web: www.triglav.mk.
Групација Триглав, со своето знаење, искуство и финансиска стабилност, веќе 125 години ја оправдува довербата на клиентите и другите засегнати страни. Таа е најголемата осигурителна и финансиска групација во регионот Адриа и една од водечките во југоисточна Европа, работи во шест земји и на седум пазари, а на меѓународно ниво е присутна преку партнерства со посреднички, застапнички и реосигурителни компании. Клучните столбови на нејзиното работење се осигурувањето и управувањето со средства. Групацијата има повеќе од 5.000 вработени. Нејзината мисија е градење на побезбедна иднина. Главните вредности на групацијата се агилност, едноставност и доверливост. Нејзината визија е насочена кон зајакнување на својот идентитет и видливост како меѓународна осигурителна и финансиска групација. Со одржлив деловен пристап, Триглав создава развојно ориентирана средина за своите вработени, гради силни партнерства и претставува стабилна, сигурна и профитабилна инвестиција за инвеститорите. Матичната компанија на Групација Триглав, Заваровалница Триглав, е издавач на примарниот пазар на Љубљанската берза.
Комерцијална објава
































