Во товарно возило со струшки таблички вчера пронајдена е поголема количина пиротехнички средства без никаква документација.
Возачот со иницијали Н.Р. и сопатникот И.Р. кој бил полициски службеник, изјавиле дека пиротехниката е на правно лице од Скопје, а при контролата во магацинот на тоа правни лице пронајдено е уште едно товарно возило со пиротехника.
– Додека, пак, денеска со судска наредба извршен е претрес во магацините на правното лице, при што се пронајдени и одземени над 25 тони пиротехнички средства. Единицата за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал во координација со ОВР Кавадарци ќе ги преземаат сите мерки и активности за утврдување на сите инволвирани лица и по комплетирање на документацијата ќе биде поднесена соодветна пријава по член 396 став 7 од Кривичниот законик – стои во информацијата од Министерството за внатрешни работи.

































