Бројот на жртвите во поплавите што го погодија јужниот дел на Тајланд се искачи на 145.
Повеќе од 1,2 милиони домаќинства и 3,6 милиони луѓе се погодени од поројните дождови и поплавите во 12 провинции во јужен Тајланд. Најпогодена е провинцијата Сонгхла, каде загинаа 110 лица.
Тајландската метеоролошка служба соопшти дека врнежите се намалени, но предупреди дека се можни бури и грмотевици во некои реони.


































