ЏУДО
- Вложивте големи напори во унапредувањето на односите помеѓу Јапонија и Македонија. Вашите извонредни достигнувања дадоа значителен придонес за пријателството и добрата волја помеѓу нашата земја и светот. Со ова признание ви изразуваме благодарност и најдлабоко почитување, се вели во објаснувањето на јапонската министерка за надворешни работи Иваја Такеши, информира ЏФМ
На потпретседателот на Џудо-федерацијата на Македонија (ЏФМ,) Горан Антевски, му беше врачена благодарница од министерката за надворешни работи на Јапонија Иваја Такеши.
– Вложивте големи напори во унапредувањето на односите помеѓу Јапонија и Македонија. Вашите извонредни достигнувања дадоа значителен придонес за пријателството и добрата волја помеѓу нашата земја и светот. Со ова признание ви изразуваме благодарност и најдлабоко почитување – се вели во објаснувањето на јапонската министерка за надворешни работи Иваја Такеши, информираат од ЏФМ.
Во 2025 година, министерката за надворешни работи на Јапонија, Иваја Такеши, им додели 173 благодарници на поединци и 58 благодарници на организации или вкупно 231, а Антевски е единствениот Македонец што доби благодарница од првиот човек на јапонското Министерство за надворешни работи (МНР).
На овој свечен чин присуствуваше и Владимир Трпаноски, претседател на Џудо-федерацијата на Македонија. Г.И.
ЏУДО
Викендов европски купови, јуниорите во Подгорица, кадетите во Солун
Настапите на овие два европски купа се важен чекор напред за развојот на младите џудисти, велат од ЏФМ
Јуниорската и кадетската џудо-репрезентација на Македонија викендов ќе настапат на европските купови во Подгорица (Црна Гора), односно во Солун (Грција).
На европскиот куп во Подгорица ќе се борат јуниорите Лилјана Недановска (категорија до 57 кг), Ива Богдановска (до 63 кг) и Сергеј Димитриоски (до 60 кг), предводени од селекторот Александар Фузевски, кој истакна дека репрезентативците се максимално подготвени и мотивирани за силната конкуренција што ги очекува во Подгорица, информира Џудо-федерацијата на Македонија (ЏФМ).
Кадетската репрезентација во Солун, предводена од спортскиот директор Дејан Мицкоски и од селекторот Игор Паскоски, ќе настапи во состав Хамида Друштинац (категорија до 44 кг), Тамара Илиоска (до 57 кг), Теодора Илиоска (до 57 кг), Марко Панчевски (до 66 кг), Никола Петров (до 81 кг).
– Настапите на овие два европски купа се важен чекор напред за развојот на младите џудисти – велат од ЏФМ. Г.И


































