Фото: Илустрација/Пекселс

Уште еден случај за затруено дете во Куманово, евидентира СВР Куманово. Станува збор за четиригодишно дете, кое испило повеќе таблети. Од кумановската општа болница укажуваат дека по пружената помош детето е стабилизирано и е транспортирано во Клиника во Скопје.

– Ноќеска во 04:05 часот во СВР Куманово е пријавено дека во Ургентен центар Куманово за укажување на лекарска помош е донесено четиригодишно дете од Куманово, кое во домот испило повеќе таблети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – соопшти СВР Куманово.

Во септември и во август, годинава беа евидентирани слични состојби на затруени деца од таблети и од детергент. Во јули, пак имаше два случаи на затруени деца со лекови, прво едногодишно бебе, исто така од липковското село Отља, а неколку дена подоцна десетмесечно бебе од Куманово.