- Оваа иницијатива има цел да собере основни сознанија за водење на Образовната стратегија и Акцискиот план на ФИДЕ за 2027-2030 година, осигурувајќи дека шахот продолжува да расте како моќна алатка за учење и инклузија, пишува ФИДЕ, која ги поканува сите федерации, училишта и партнерски организации да придонесат за овој важен потфат
Меѓународната шаховска федерација (ФИДЕ) го објави почетокот на своето Глобално истражување за шахот во образованието, поканувајќи ги федерациите, училиштата и партнерските организации низ светот да учествуваат пред 28 февруари 2026 година. Оваа иницијатива има цел да собере основни сознанија за водење на Образовната стратегија и Акцискиот план на ФИДЕ за 2027-2030 година, осигурувајќи дека шахот продолжува да расте како моќна алатка за учење и инклузија.
Во својата официјална порака, претседателот на ФИДЕ, Аркадиј Дворкович, ја нагласи важноста на овој напор, потсетувајќи на успехот на истражувањето од 2021 година, кое откри дека повеќе од 25 милиони деца и 237.000 наставници и тренери веќе се занимаваат со образовен шах. Оттогаш, ФИДЕ ги прошири курсевите за обука, почна системи за сертификација, организира меѓународни конференции и олесни истражувачки проекти низ целиот свет, пишува ФИДЕ на својата интернет-страница.
Новото истражување ќе ги идентификува глобалните трендови во образовниот шах и ќе ги зајакне политиките на ФИДЕ, ќе ги поддржи видливоста и признавањето на највисоко меѓународно ниво, а резултатите ќе бидат споделени со УНЕСКО, УНИЦЕФ, министерствата за образование, универзитетите и невладините организации, потоа ќе поттикне учество со потврдување дека одговорите од анкетите ќе бидат земени предвид при доделувањето грантови за „Шах во образованието“ во 2026 година и ќе ја подготви основата за значајната иницијатива: 2026 година е прогласена за Година на шахот во образованието, со што се слави и се проширува шахот како медиум за учење и раст, пишува ФИДЕ.
Меѓународната шаховска федерација ги поканува сите федерации, училишта и партнерски организации да придонесат за овој важен потфат. Со учеството, засегнатите страни ќе помогнат да се демонстрира глобалната моќ на шахот како образовен катализатор, да се привлечат нови можности за спонзорство и да се оспособат милиони деца, наставници и заедници низ светот, пишува ФИДЕ. Г.И.

































