ОДБОЈКА – ЦЕВ
- На ЕП 2028 ќе играат четири земји домаќини, по четири најдобри од Европската лига во 2026 и во 2027 година, победникот на ЕП 2026 и најмалку 11 селекции одредени според европската ранг-листа, а ако една репрезентација веќе е пласирана преку друг пат, има каскадни правила за пренесување на правото на пласман на друга селекција, пишува ЦЕВ
Европската лига за одбојкари ќе добие ново значење во 2026 година како пат преку кој репрезентациите што не се вклучени во Лигата на нациите на Светската одбојкарска федерација (ФИВБ) можат да обезбедат пласман на Европското првенство (ЕП) во 2028 година.
Регистрацијата трае до 1 декември и дотогаш ќе бидат познати репрезентациите што ќе учествуваат. Последователно, Одделот за одбојка на Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ) ќе работи на детален календар на натпревари според принципот дека секој тим ќе биде домаќин на еден тридневен турнир и ќе игра уште две такви на гости. Првите шест од конечниот пласман на Лигата ќе се пласираат во последната фаза од натпреварувањето каде што ќе бидат достапни четири места за пласман на ЕП 2028, пишува ЦЕВ. Потоа натпреварувањето ќе ги следи истите принципи и формат и во 2027 година, каде што ќе бидат достапни уште четири места за пласман во ЕП 2028.
Новиот концепт значително го зголемува профилот на Европската лига, додека се стреми кон амбициозно реструктурирање на меѓународниот календар во согласност со политиките што ги усвои ФИВЦ, пишува ЦЕВ.
Репрезентациите што се натпреваруваат во Лигата на нациите и немаат право да се регистрираат за Европската лига ќе можат да го обезбедат своето место на ЕП 2028 како бранител на европската титула во 2026 година, претставувајќи ги четирите земји домаќини на ЕП и според европската ранг-листа објавена по завршувањето на Лигата на нациите и Европската лига во 2027 година.
Така, на ЕП 2028 ќе играат четири земји домаќини, по четири најдобри од Европската лига во 2026 и во 2027 година, победникот на ЕП 2026 и најмалку 11 селекции одредени според европската ранг-листа, по завршувањето на Европската лига во 2027 година и Лигата на нациите истата година, пишува ЦЕВ. Во случај репрезентација веќе да е пласирана преку друг пат, има каскадни правила, па, така, ако земја домаќин веќе се пласирала преку друг пат, нејзиното место се пренесува на селекција од европската ранг-листа, ако пласирана селекција е меѓу четирите најдобри во Европската лига за 2026 година, тоа место оди кај следната најдобра репрезентација што уште не е пласирана од конечниот пласман на Европската лига за таа година и истото важи и за Европската лига во 2027 година, ако европскиот шампион од ЕП 2026 веќе е пласиран, неговото место го зазема првата следна непласирана селекција од тоа ЕП, а 11-те места од ранг-листата се за највисокорангираните репрезентации што уште не се квалификувале, пишува ЦЕВ. Н.М.
































