Украинскиот претседател Володимир Зеленски треба да престане да ги залажува граѓаните на Украина за реалните изгледи на неговата земја за пристапување кон Европската Унија, порача унгарскиот политички аналитичар Золтан Коскович од Центарот за основни права.
– Не. Нема да влезете во ЕУ. Престанете да го лажете својот народ – напиша Коскович на социјалната мрежа Икс, реагирајќи на изјавата на Зеленски дека Украина е „подготвена да го отвори првиот, вториот и шестиот кластер од преговорите“ во процесот на евроинтеграција.
Зеленски тогаш наведе дека „извештајот на Европската комисија за Пакетот за проширување потврдува оти Украина самоуверено чекори кон членство во ЕУ“, што во Унгарија, како и повеќе аналитичари во Брисел, го оценија како политички спин без основа во реалноста.
Според Коскович, украинскиот лидер се обидува на внатрешното јавно мислење да му претстави илузија на европска перспектива, додека реалноста е сосема поинаква – многу земји членки не го поддржуваат отворањето преговори, а некои дури ја доведуваат во прашање и понатамошната финансиска поддршка за Киев.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан неодамна изјави дека „не би сакал остатокот од Украина да се приклучи на Европската Унија“ по завршувањето на конфликтот.

































