Фото: ООУ Лазо Трповски/фејсбук профил

Каја Трпкоски, ученичка во 9. одделение, од ООУ „Лазо Трповски“ го освои првото место на натпреварот „Холандска наука“ организиран од Амбасадата на Холандија и Наука за деца.

Фото: ООУ Лазо Трповски/фејсбук профил

Деветтоодделенката наградата ја освои во конкуренција на 77 учесници од цела Македонија. Учесниците на натпреварот требаа индивидуално да креираат плакат со лик на познат холандски научник на кој на креативен начин ќе биде прикажан неговиот научен пронајдок, односно изум.

Фото: ООУ Лазо Трповски/фејсбук профил

Според мислењето на стручното жири исклучително креативното претставување на холандскиот научник Антони ван Левенхук, пронаоѓачот на микроскопот и „основач на микробиологијата“ на Каја и го донесе првото место на натпреварот.

Фото: ООУ Лазо Трповски/фејсбук профил

Каја на овој натпревар учествуваше под менторство на предметниот наставник по германски јазик, Стефан Симовски.