Фото: Пиксабеј

Домување

Смрдливките се голем проблем во домовите бидејќи во есен бараат засолниште во куќите, а напролет можат да предизвикаат штета кај растенијата. Како можете да ја намалите или да ја спречите нивната инвазија?
Овие мали зелени подвижни инсекти со непријатен мирис, односно смрдливки, наскоро ќе тргнат во инвазија на становите, бидејќи како што надвор станува студено, тие почнуваат да бараат засолниште во домовите. За да се ослободите успешно од нив, предлагаме превенцијата да ја спроведете и во домот, како и да се подготвите навремено и да избегнете непријатни средби со нив.
Затворете ги влезовите: прегледајте ги прозорците, вратите, ролетните, оџаците и пукнатините на фасадата. Затворете ги сите дупки со силикон или гумени ленти.
Мрежи: Поставете мрежи на прозорите и на вентилационите отвори.
Завеси и ролетни: Држете ги спуштени кога прозорците се отворени.
Осветлување: Смрдливките ги привлекува светлината, затоа исклучете го или придушете го осветлувањето. Особено околу прозорците и навечер. Добро е да знаете дека мирисливи растенија како нане, лаванда или босилек можат делумно да ги одвратат ако ги засадите во близината на куќата или блиску до прозорците.