Фото: ЕПА / Илустрација

Брод со 11 патници синоќа се преврте во Дунав кај српскиот град Бачка Паланка, а медиумите во Србија пренесуваат дека има и жртви. Според првите неофицијални информации, на бродот имало 10 кинески и еден српски државјанин, за кој се претпоставува дека го управувал бродот.

Повеќе лица по превртувањето завршиле во вода, а спасувачите сè уште бараат неколку исчезнати лица, додека екипи на брза помош, полиција и противпожарна заштита се на терен. На местото на несреќата се ангажирани и специјализирани екипи за спасување на вода од Србија и Хрватска.

Надлежните органи најавија дека ќе објават официјално соопштение за причините за трагедијата откако ќе заврши истрагата.