Фото: „Нова Македонија“

Во јули годинава во државава се регистрирани  209.932 и 770.733 ноќевања. Во периодот јануари-јули годинава вкупниот број на туристи е зголемен за 10,2 проценти, при што кај странските зголемувањето е 15,1 процент, објави денеска Државниот завод за статистика.

Од вкупниот број туристи во јули, 42,1  процент се домашни, а 57,9 проценти се странски. Најмногу странски туристи во јули имало од Турција, 55.129, по што следуваат Србија со 9.898, Полска, 4.304, и Холандија со 3.989.

Бројот на ноќевањата во јули годинава изнесува 770.733, од кои 69,2 проценти се од домашните туристи, а 30,8 проценти од странските туристи.

Во периодот јануари – јули годинава во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 10,2 проценти, односно кај домашните туристи има намалување за 0,1 процент, а кај странските има зголемување за 15,1 процент.

Во истиот период вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 5,5 проценти, така што кај домашните туристи има намалување за 0,5 проценти, а кај странските за 11,5 проценти.