Фото: ЕПА

НБА

Суперѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, НБА-играчот, Леброн Џејмс, секако дека е еден од најголемите играчи во историјата на кошарката. Но, кога станува збор за животот по неговата играчка кариера, тренерството нема да биде дел од неговите планови, освен можеби кога станува збор за неговите синови.
– Не, не, нема тренерство за мене. Бев инспириран од играта. Ја сакам играта, но нема да бидам тренер во иднина – изјави Џејмс за „ЦГТН Спорт Сцин“.
Минатата сезона Џејмс имаше просек од 24,4 коша, 7,8 скока и 8,2 асистенции во 70 меча во НБА-лигата. Летово тој ја искористи својата опција да остане со Лејкерси уште една сезона. Сепак, за првпат во својата кариера, Леброн е подготвен да игра на истечен договор. Тој му донесе шампионска титула на ЛА Лејкерс во 2020 година, но на 40 години, тој сè уште брка нов шампионски прстен, овој пат заедно со Лука Дончиќ. Џејмс ќе влезе во рекордната 23-та НБА-сезона во 2025-2026 година. Г.И.