Покажавме дека четири години работиме за секој еден човек, и дека програмата која ја ветивме во најголем дел е оставрена. Ги вративте општините на вистинскиот пат, патот на промените, инвестициите, на градењето паркови, улици, градинки, училишта. Одговорно и посветено, работливо, без ветување на чуда, но со многу ентузијазам за градење на подобра општина и обезбедување на подобра иднина, порача премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на отворањето на самот на градоначалници „Четири години работа за тебе”.
Саемот, нагласи Мицкоски е одговор на прашањето што работеа градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата последните четири години, од кои како што нагласи три години „биле апсолутна опозиција на централната власт“ која немала слух за општините и градоначалниците ги решавале сами проблемите.
– Четири години подоцна можам да кажам дека одговоривте на дадената доверба, го задржавте образот пред граѓаните. Четири години потоа највредната работа е што немате ниту една афера зад себе, ниту еден криминален случај, и ниту една работа со која ќе донесете срам, кон партијата, вашите семејства, но најважно пред граѓаните. Ова го споменувам бидејќи навиките и искуството од минатото говори за огромна бнахатост, многу криминални зделки која нанесуваше срам и голема дамка врз општините и неодговорност спрема граѓаните – изјави Мицкоски.
Мицкоски посочи дека во изминатите четири години изградени се и реконструирани улици и патишта во вкупна должина од над 770 километри во вкупна вредност од околу 100 милиони евра. Направени се 46,840 метри нови водоводи, и изградени се канализации од должина над 91 илјади метри, изградени или во завршна фаза на градење се седум пазари од затворен тип, изградени или во завршна фаза на градба се 12 пречистителни станици…
-Во делот на образованието реконструирани и модернизирани се над 400 училишта. Реконструирани и модернизирани се над 70 детски градинки, а ново изградени се неколку десетина градинки и за оваа цел се инвестирани над милијарда денари. Завршени или во завршна фаза се 274 спортски игралишта или детски рекреативни терени – порача Мицкоски.
За тоа како изгледа поддршката на Централната власт на општините, според Мицкоски, најдобро се гледа и во инвестираните 500 милиони евра за капитални проекти за локален развој за оптините.
-За само една година по превземањето на одговорноста на централната власт се овозможи и издејствуав 500 милиони евра за локален развој преку два јавни повици. На последниот втор повик имаше 887 од 80 општини. Само во овој момент се реализираат проекти по оштините од над 100 милиони евра обезбедени од владата. И таа поддршка ќе продолжи. И свесен сум и за сите недостатоци и големи потреби на граѓаите. но нашата работа е за секој еден граѓанин и навистина сум горд на постигнатото и на промените кои ги правиме заедно – изјави Мицкоски.
Мицкоски, исто така, нагласи дека луѓето што сега ја немаат нашата поддршка „ниту се дел од нашата коалиција, свесен сум дека беа нашиот погрешен избор“.
-Лекцијата е научена. Жалам што за нив го вложив мојот личен кредибилитет, и колективно придонесовме тие да станат градоначалници. Не само што не ја оправдаа довербата која им ја дадовме, туку ги изневерија и нашите вредности кои сите останати градоначалници ги бранеа со работа и со дела претходните 4 години. Едната личност уште еден месец и половина е на чело на градот Скопје, другата на една скопска општина. Но секое искустви е драгоцено за да не се повтори грешката. И тоа нема да се повтори. Најважно е што сега одиме со сигурни кандидати и со сигурниу луѓе кои непогрешливо ќе придонесат за развојот на локалните самоуправи – изјави Мицкоски, упатувајќи порака и за следните локални избори, како, како што рече е сосема извесно дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи убедливо и овие избори во најголемиот дел ќе се решат работите уште првиот круг.
Секоја победа, според Мицкоски, мора да се заслужи со работа и со чесност, нагласувајќи дека „нема простор за опуштеност, ниту за неоправдана ароганција“.
-Градоначалникот мора да биде прв меѓу еднаквите – слуга на народот, а не негов господар. Градоначалникот мора да биде работлив, чесен и достоен – човек што ќе ја носи довербата како најголема чест, а не како лична привилегија. Градоначалникот мора да го почитува законот и да живее по пример – зашто довербата не се бара со зборови, туку се заслужува со дела. И токму такви луѓе ни требаат. Не политичари што мислат на следниот изборен циклус, туку градоначалници што мислат на идните генерации. Не луѓе што ветуваат, туку луѓе што исполнуваат. Не оние што бегаат од проблемите, туку оние што ги решаваат – порача Мицкоски.
Само со такви градоначалници, нагласи Мицкоски, ќе изградиме градови во кои ќе сакаме да живееме, општини со кои ќе се гордееме, и иднина што ќе биде подобра од денешнината.
-Секое спротивно однесување ќе биде снкционирано, без двоумење и без потешкотија сите мора да знаат дека се еднакви пред законот и дека мора да се служи на народот – изјави Мицкоски.
Според Мицкоски ниту една функција не е загарантирана ниту вечна и најави дека веднаш после изборите ќе ги отвори вратите од партијата за нови смени и за нови луѓе, а дека во владата ќе има реконструкција и подобрување на капцитетите.
– Тоа не значи дека луѓето кои ќе се заменат биле лоши или немарни, но на владата сеогаш и треба зголемен капацитет, уште посилно темпо за промените кои ги правиме. Не сум човек кој ќе ги гледа работите од дистанца, и затоа промените во владата ќе значат уште посилно темпо и уште поголеми заеднички успеси кои ќе оделотворат дека сме на правиот пат и граѓаните го направиле вистинскиот избор – порача Мицкоски.
Мицкоски, нагласи дека „овие избори нема да бидат вратата на ДУИ во владата, и Македонија ќе им каже не на ДУИ и СДСМ“.
-Повеќе од јасно е дека ДУИ и СДС имаат таен план, но не за народот, туку против народот. Тоа е сценарио мислено и координирано меѓу овие две партии – сценарио за хаос, за политичка магла и за манипулација. Но, зад оваа игра не стојат само партиските штабови. Во таа намера, длабоката држава на СДС и ДУИ – нивните луѓе распоредени во судството, во изборната комисија, во институциите – денес се во коалиција. Коалиција за да го спречи поразот што ќе им го донесе ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори – изјави Мицкоски.
Ова, според Мицкоски, се добро познати работи на кои, како што рече, се навикнати од нив и дека „народот знае дека се политички измамници, гробари на демократијата, слуги на криминалот и на своите лични привилегии“.
-ВМРО-ДПМНЕ е гаранција дека овој народ ќе ја врати иднината во свои раце, дека ќе ја врати правдата и редот и дека ќе ја закопа токму таа длабока држава која 30 години ја гуши Македонија. Да не дозволиме измамата да победи над правдата – изјави Мицкоски.
Овој политички саем, Мицкоски порача дека е новина на политичкиот спектрум и најави дека од понеделник почнува изработка на програма и ги повика граѓаните да даваат предлози.
На настанот се предвидени повеќе панел-дискусии со градоначалници поделени по региони и тоа со градоначалниците од Скопскиот регион, со градоначалниците од Источен регион, од Југозападен регион, од Југоисточен регион, Вардарски и со градоначалниците од Пелагонискиот регион.
Секоја општина, како што е најавено, ќе има и промотивен штанд, на кој присутните ќе можат да ги разгледаат отчетите на градоначалниците и одблиску да се запознаат со нивната работа.