Фото: МИА/илустрација

Само еден активен пожар има вечерва во земјава и тоа кај селото Тумчевиште, во Општина Врапчиште, информираат од Центарот за управување со кризи. Под контрола денеска до 18.30 часот се ставени три пожари, а изгаснати се 11.

Под контрола се ставени пожарите во Јасен, Општина Македонски Брод каде гореше мешана шума, како и во селата Беловодица во местото викано Ливада и селото Лењиште (букова шума) и во селата Стровија и Долгаец (мешана шума).

Изгаснати се пожарите во:

1. Општина Сопиште: кај Брана Езеро Козјак (ниска вегетација и шума);
2. Општина Студеничани: с. Горно Количани и с. Драчевица планински врв Китка (мешана шума);
3. Општина Кичево: с. Душегубица (ниска вегетација и ниска шума);
4. Општина Охрид: с. Велгошти (ниска вегетација);
5. Општина Велес: с. Клуковец (ниска вегетација);
6. Општина Росоман: с. Дебреште (ниска вегетација);
7. Општина Кавадарци: с. Брушани (ниска вегетација);
8. Општина Демир Хисар: с. Кутретино (депонија);
9. Општина Битола: м.в. Тепсија (ниска вегетација);
10. Општина Брвеница: с. Милетино (ниска вегетација);
11. Општина Гостивар: во близина на Болница во Гостивар (ниска вегетација).