ШАХ
Кога 10-годишната Кеја Џа (1.820 рејтинг-поени) го победи велемајсторот (ВМ) Брајан Смит (2.371) во последното коло на „Меморијалот на Џо Јун“ во Акрон (САД), таа не само што го освои првото место на турнирот туку постави и рекорд во САД, односно стана најмладата американска девојка што победила ВМ во класична партија.
Минатата недела, шаховската интернет-страница „Чес“ објави за брилијантното достигнување на ЖФМ Бодана Сиванандан на Британското првенство годинава, на кое таа стана најмлада девојка што некогаш победила велемајстор и најмлада што ја освоила титулата женски интернационален мајстор (ЖИМ).
Впечатливо е што победата на Сиванандан дојде истиот ден кога Џа го победи Смит. Заедно со Сиванандан двете 10-годишни шахистки ги постигнаа своите подвизи со разлика од само неколку часа. На 10 години, девет месеци и два дена, Џа е два месеца помлада од ИМ Кариса Јип, која во 2014 година го победи ВМ Александар Иванов. Г.И.