Со мала свеченост денес во кругот на поранешниот Дом на АРМ, од страна на министерот за спорт Борко Ристовски, беше предаден во употреба мултифункционален спортски комплекс, што се состои од ракометно, кошаркарско и одбојкарско игралиште, како и од фитнес простор, што го сочинуваат повеќе спортски реквизити. Овој спортски комплекс чини 6.960.000 денари.
– Вакви реконструкции и изградба на нови спортски игралишта имаме направено над 35 во целата наша земја а дел од овие објекти изградени се и во Кичево. Презадоволен сум што ги изградивме овие спортски игралишта, кои во иднина ќе им служат на граѓаните а планираме во целата наша земја ќе изградиме речиси стотина вакви и слични спортски игралишта. Овие објекти се од круцијална важност за граѓаните како и за општеството и на крај доаѓа и спортот,преку создавање на здрава младина и создаваме на здрави навики кај младата популација. Наша цел е со изградбата на овие спортски комплекси да ги тргнеме младите од пороци. На овој начин ќе се создадат услови за рекреирање на младите во сите средини – истакна министерот Ристоски.
Тој на прашањето како да се сочуваат во добра кондиција овие спортски комплекси одговори, дека она што ние можеме е да апелираме до локалната власт, да ја подигнеме свеста на граѓаните.
– Ние можеме да ставиме и камери но првенствено мораме да ја подигнеме свеста, ова што сега е изгрдаено не е за еднократна употреба, туку ќе служи и во блиска и подалечна иднина и за други генерации – додаде министерот Ристовски.
На отворањето ученици од кичевските училишта рекреативно играа кошарка, ракомет и мал фудбал, што беше и најдобра промоција на мултифунционалниот спортски комплекс.
З.А.