Пожарот кој е активен на територија на Чучер Сандево и покрај интервенциите од воздух, за жал сè уште е надвор од контрола, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
-Во текот на денешниот ден, на терен интервенираа сите расположливи сили и средства — општински служби, физички и правни лица, како и екипи од БППЗ, ДЗС, МВР и ЦУК. Сите капацитети се ангажирани, но условите на теренот се исклучително тешки. Голема е вознемиреноста кај населението, бидејќи чадот се проширува низ целата општина и селата Чучер, Мирковци, Глуво, Бразда, сè до Бутел. Истовремено, регистриран е и нов пожар во атарот на село Кучевиште, кој зафаќа голема површина и се наоѓа во близина на куќи – велат од ЦУК.
Во раните утрински часови беше пружена воздухопловна поддршка со три летала, а попладнето со уште еден воздухоплов. Поради временските услови, се очекува пожарот во текот на ноќта делумно да се стиши, што би овозможило поефикасно дејствување на теренот утре.
-За утре е планирано акциите да започнат уште во 5 часот, со ангажирање на сите институционални и општински сили на целата зафатена површина, со поддршка од два воздухоплова на МВР. Во вечерните часови, екипите ќе останат на терен и ќе интервенираат согласно приоритетите и потребите – додаваат од ЦУК.
Полицискиот хеликоптер Бел-412 исфрли повеќе од 45 тони вода за гаснење на пожарот во Чучер Сандево
Полициски хеликоптер Бел-412 денеска повторно се вклучи во гаснење на пожарот во општина Чучер Сандево, информира МВР. И покрај тешките услови за гаснење непристапен терен и непрегледност поради чад полицискиот хеликоптер исфли над 45 тони вода во подршка на екипите на терен за ставање на пожарот под контрола.

Пожарот, според ЦУК, и покрај интервенциите од воздух, се уште е надвор од контрола. Чадот се проширува низ целата општина и селата Чучер, Мирковци, Глуво, Бразда, се до Бутел.
Поради временските услови, се очекува пожарот во текот на ноќта делумно да се стиши, што би овозможило поефикасно дејствување на теренот утре. За утре е планирано акциите да почнат уште во 5 часот, со ангажирање на сите институционални и општински сили на целата зафатена површина, со поддршка од два воздухоплова на МВР. Во вечерните часови екипите ќе останат на терен и ќе интервенираат согласно приоритетите и потребите.