Фото: Пиксабеј

Министерството за надворешни работи на Катар издаде соопштение во кое „потврдува дека безбедносната состојба во земјата останува стабилна и нема причина за загриженост“.

„Министерството нагласува дека е важно да не се подлегнува на гласини или ширење неточни информации“, се наведува во соопштението на катарското МНР.

Министерството, исто така, наведува дека ќе соработува со други катарски тела за да „обезбеди безбедност на граѓаните и жителите и да го одржи нормалниот тек на јавниот живот“.