Европската џудо унија денеска со специјален видео-клип го најави претстојното Европско првенство за кадети и кадетки, Скопје 2025, кое ќе се одржи од 26 до 29 јуни во нашиот главен град.

Натпреварувањето ја опфаќа возрасната категорија кадети во машка и женска конкуренција родени 2008/09/10 година со  вкупно 16 тежински категории (8 во машка и 8 во женска категорија).

Борбите ќе се одвиваат во поединечна и екипна конкуренција.

На овој настан ќе биде присутна целата европска и светска џудо елита на чело со претседателот на ЕЏУ (Европска џудо унија), Ласло Тот.