КОШАРКА

Надежните кошаркарки на Македонија (до 18 години), предводени од селекторот Виктор Петровски и неговите асистенти Нена Трајчевска и Арин Агиќ, ги почнаа тренинзите во Скопје, во подготвителниот период пред настапот во јули на Европското првенство (ЕП), дивизијата Б, во Литванија. Првата фаза од подготовките ќе биде реализирана во Скопје, а првите пријателски средби се предвидени по три седмици, на гостински терен со Црна Гора. Петровски го одреди и поширокиот список со кошаркарки на кои ќе смета во текот на подготвителниот период, информираат од Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ). Состав: Ања Начевска, Мартина Џангаровска, Јана Пислевска, Теа Трајковска, Бојана Николиќ, Мила Начевска, Ангела Тасовски (сите од Вардар), Нена Китановска, Јана Чолакоска, Кјара Анастасова (сите од Бадел 1862), Дора Алексова, Теодора Мариновска (МЗТ Скопје). Глорија Груевска, Антонија Тодоровска (Крива Паланка). Бранкица Мегленова, Лилјана Ѓорѓиева (Пробаскет Кавадарци), Сара Ѓорѓиеска (Охрид), Сара Белковска (Струга 2009), Ива Колева (Тим Арена Штип) и Мила Ќолчевска (Мерцеде баскет Алгеро, Италија). Г.И.