Фото: Пиксабеј

На Граничен премин Табановце, вчера утрото полициски службеници го лишиле од слобода Ц.З.(47) од Унгарија. При гранична контрола и преглед во возилото со унгарска национална ознака, кое го управувал, над ветробранско стакло во тапацир пронајдена и одземена е марихуана.

Како што информираат од МВР, увид извршила екипа од СВР Куманово, а дрогата е одземена за понатамошна постапка.

По целосно документирање на случајот, во консултација со јавен обвинител, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава