Фото: Ленче Нелоска / Фејсбук

Д-р Ленче Нелоска е поставена за нов директор на Геронтолошкиот завод во Скопје, откако претходниот директор беше приведен во полициска акција поради сомнежи за примање поткуп.​

Д-р Нелоска веќе ја извршуваше оваа функција во минатото.

По професија, Нелоска е специјалист по дерматологија, со долгогодишно искуство во здравствениот сектор.