По прекинот што настана за третман на пациентите од пожарот во Кочани на хируршките килини во Скопје од денеска ќе продолжат операциите за онколошки пациенти, а се очекува од утре клиниките да работат со целосно планираните програми, најави денеска министерот за здравство Арбен Таравари
– Од денеска хируршките клиники ќе почнат да функционираат не со полн капацитет, туку само за онколошки пацинети, а од утре по состанокот на кризниот штаб се надевам сите клиники да работат комплетно со програмите што биле планирани – изјави министерот за здравство Арбен Таравари.
Тој ја соопшти најновата состојба на пациентите од пожарот во Кочани, на лекување во болниците во државава и во странство, истакнувајќи дека добрата вест е што поминаа 72 часа и нема починати.
Во државава се третираат 178 пациенти низ различни здравствени установи, од кои што 64 се во државните болници, а 13 пациенти се во приватните болници и сите, како што рече, се во релативно стабилна состојба. На лекување во странство се 101 пациент и тие се во релативно стабилна состојба.