Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата средба со францускиот лидер Емануел Макрон е важен чекор напред во насока на постигнување примирје меѓу Русија и Украина.
Трамп додаде дека верува оти Макрон се согласува со него за многу од најважните прашања, вклучувајќи ја и изјавата дека ова е многу интересна и застрашувачка ситуација која може да се претвори во трета светска војна, јави Гардијан.
-Нема да дозволиме тоа да се случи. Војната никогаш не требаше да започне, но почна и сега е страшен, ужасен крвав хаос – рече американскиот претседател.
Двајцата лидери вчера имаа средба во Овалната соба на Белата куќа.
Посетата на Макрон на Вашингтон дојде на третата годишнина од почетокот на војната во Украина.