tomas vajc
Фото: Томас Вајц / Фејсбук

Европратеникот и постојан известувач на Европскиот парламент, Томас Вајц денеска ќе го посети Собранието на Македонија.

Како што информираат од собраниската прес-служба, Вајц ќе оствари средба со раководството на коалицијата „Влен“, а ќе се сретне и со Иванка Василевска, копретседавачка на МПК – РСМ и ЕУ и со лидерот на СДСМ Венко Филипче.

Австрискиот европратеник во октомври лани беше именуван за нов известувач на Европскиот парламент за Македонија.

Тој доаѓа на местото на бугарскиот европратеник Илхан Ќучук, кој ја извршуваше оваа функција.