ОБЈАВЕНИ ДОБИТНИЦИТЕ НА МЕЃУНАРОДНАТА НАГРАДА

Годинашната меѓународна награда „Гоцева мисла“, во пресрет на 4 февруари, роденденот на Гоце Делчев, им се доделува на Јон Деаконеску од Романија, Зоран Пејковски од Македонија и на Никола Шимиќ Тонин од Хрватска. Добитниците ја добиваат наградата за севкупниот ангажман и придонес на планот на афирмацијата и презентацијата на македонската литература и култура во странство.
Наградата ја доделува фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“, во чест на роденденот на Гоце Делчев и неговата знаменита мисла „јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“. Доделувањето на наградите е во рамките на традиционалната меѓународна манифестација „Фестивал на чајот и читањето“, која и годинава ќе започне на 4 февруари, а ќе заврши на 8 март.
Досегашни добитници на наградата „Гоцева мисла“ се: Златко Крамариќ (Хрватска), Олга Панкина (Русија), Даниела Костадиновиќ (Србија), Тања Попова (Бугарија), Звонко Танески (Словачка), Волф Ошлис (Германија), Горан Калоѓера (Хрватска), Сабахудин Хаџиалиќ (Босна и Херцеговина), Лилјана Јанаќковиќ (Србија), Ресул Шабани (Македонија), Суат Енѓулу (Турција), Елка Наголова (Бугарија), Ристо Василевски (Србија), Кирил Темков (Македонија), Жан-Патрик Конрад (Франција), Зафир Хаџиманов (Србија), Вања Ангелова (Бугарија), Миле Топуз (Македонија), Васил Тоциновски (Македонија), Бајрузин Хајро Плањац (Босна и Херцеговина), Олга Лалиќ–Кровицка (Полска), Јордан Плевнеш (Македонија), Виктор Радун (Србија), Ана Багрјана (Украина), Ристо Лазаров (Македонија), Ненад Шапоња (Србија) и Родољуб Ќориќ (Црна Гора).