Домување
Ако барате инспирација за украсување овој јануари, дизајнерите на ентериер имаат неколку прекрасни предлози. Без разлика дали планирате повторно да ја обоите дневната соба или едноставно да замените некои светилки, ги издвојуваме нијансите што треба да ги земете предвид.
Бледожолта: Очекувајте посветлите нијанси на жолта да го заземат местото на белата во текот на 2025 година. Ако им верувате на експертите, кои зборуваа за „Вог“, тоа е боја што е пријатна за окото и релаксирачка.
– Тоа е сончева алтернатива на обичната бела и како таква е неверојатно разновидна – вели дизајнерката на ентериер Беата Хејман, додавајќи дека бојата на путер смирува.
Таа предлага и малку појаки тонови, кои одат кон нијанса на патинирано злато, а освен варосување, во оваа боја можете да обоите и дреболии низ куќата.
Живописна маслинеста: Бојата на маслинка е полна и живописна боја што може да биде на вашите ѕидови, па дури и на вашиот таван годинава.
Темноцрвена: Топлите нијанси на теракота, окер и глинена розова се сè попопуларни бои во ентериерот, особено ако се земе предвид колку убаво се комбинираат со природните материјали како што се дрвени или мермерни подови.