Фото: Принтскрин

Парламентот на Бугарија го избра Росен Жељазков за премиер на Република Бугарија, јавија бугарските медиуми. „За“ гласаа 125 пратеници, „против“ 114, без воздржани.

Пратениците ја поддржаа структурата на Советот на министри со истото мнозинство со кое го избраа Жељазков. И составот на владата доби 125 гласа „за“.

Жељазков и новите министри веднаш по изборот положија заклетва.

Состав на новата Влада на Бугарија:

Премиер – Росен Жељазков;

Вицепремиер и министер за иновации и раст – Томислав Дончев

Вицепремиер – Атанас Зафиров

Вицепремиер и министер за транспорт и врски – Гроздан Караѓов

Министерка за финансии – Теменужка Петкова

Министер за внатрешни работи – Даниел Митов

Министер за надворешни работи – Георг Георгиев

Министер за регионален развој и јавни работи – Иван Иванов

Министерот за труд и социјална политика – Борислав Гуцанов

Министер за одбрана – Атанас Запријанов

Министер за правда – Георги Георгиев

Министер за образование и наука – Красимир Валчев

Министер за здравство – Силви Кирилов

Министер за култура – ​​Маријан Бачев

Министер за земјоделство и храна – Георги Тахов

Министер за животна средина и води – Манол Генов

Министер за економија и индустрија – Петар Дилов

Министер за енергетика – Жечо Станков

Министер за е-Влада – Валентин Мундров

Министер за туризам – Мирослав Боршош

Министер за млади и спорт – Иван Пешев.