Фото: Пиксабеј

Денес, Европскиот општ суд за прв пат пресуди дека Европската комисија мора да плати компензација бидејќи не ги почитувала сопствените прописи за заштита на податоците.

Судот утврди дека Комисијата ги префрлила личните податоци на германски државјанин во Соединетите Американски Држави без соодветна безбедносна заштита и му наложи на главниот извршен орган на Унијата да му исплати 400 евра отштета – пренесе „Хина“.

Германскиот државјанин ја искористи опцијата за најавување на Фејсбук за да се регистрира за конференцијата на веб-страницата на Европската унија.

Судот, кој се занимава со случаи против европски институции, утврди дека преносот на АјПи адресата на корисникот на американската компанија Мета платформи, која е во сопственост на Фејсбук, ги прекршила европските правила за заштита на податоците.

Европската општа регулатива за заштита на податоците (ГДПР) нашироко се смета за еден од најсеопфатните и најстрогите закони за приватност на податоците во светот.

Големите компании како Кларна, Мета, ЛинкедИн и други се соочија со високи казни од Европската Унија поради непочитување на правилата ГДПР.