Фото: Пиксабеј

Брзото возење е една од најчестите причини за сообраќајни незгоди. Многу луѓе возат брзо бидејќи сакаат поскоро да стигнат на некоја дестинација, но дали знаеме точно колку време заштедуваме кога брзаме со автомобилот? Ако ја погледнеме пресметката на математичарот Тони Милун, можеби ќе сфатиме дека нема причина за брзање. Милун на својата страница на Линкдин објави текст со наслов „Колку време заштедуваме ако возиме побрзо“.
Според него, ако возиме дел од патот долг 200 км со брзина од 130 км/ч, ќе го поминеме за 1 час и 32 минути. Ако забрзаме до 140 км/ч, ќе заштедиме само шест минути и ќе го поминеме тој дел од патот за 1 час и 26 минути. Дали вреди да се брза по патот, прашува Милун во својата објава. Тој даде и објаснување – ако возиме 50 проценти побрзо, не заштедуваме 50 проценти од времето.
Еве го неговото објаснување.
– Не знам за вас, но јас го сакам овој дел од физиката – кинематиката. Се сеќавате на формулата v=s/t? За многумина, тоа беше првата формула за физика што ја сретнале, а таа вели дека брзината (v) е еднаква на односот на поминатото растојание (s) и времето (t). Брзината и времето се обратнопропорционални, т.е. со постојано поминато растојание (s), поголема брзина (v) значи помалку поминато време (t). Значи, процентите на промена не се еднакви. Ако навистина не сте љубител на проценти, верувајте ми на зборот – бркотницата по патиштата навистина не се исплати – објаснува Милун.
Ако возите 10 отсто побрзо, заштедувате 9,1 отсто од вашето време. Ако возите 100 отсто побрзо, заштедувате 50 отсто од вашето време. Во секој случај, неколку часа возење со автомобилот со брзина поголема од дозволената често значи дека ќе пристигнете на вашата дестинација неколку минути порано отколку ако возите со нормална брзина.