Оружје е пронајдено на локалниот пат од село Орланци во правец кон селото Никуштак во полициска акција што рано утринава ја спроведоа Единицата за брзо распоредување и Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека пронајдени се еден пушкомитралез, девет автоматски пушки, повеќе празни рамки за автоматска пушка и реденик за пушкомитралез, две рамки за автоматска пушка со куршуми, една тегла со муниција, ранец и други предмети.
Пронајденото оружје е предадено на вештачење во Одделот за форензички испитувања и се преземаат мерки за расчистување на случајот.