Фото: ЕПА

Кипар

Теоретските и практичните аспекти на планот за евентуално членство на Кипар во НАТО, кога тоа ќе го дозволат политичките услови, кипарскиот претседател Никос Христодулидис му ги претставил на својот американски колега Џо Бајден на нивната средба минатиот месец, објави грчкиот весник „Катимерини“.
Кипарскиот план е „детален, добро осмислен и долгорочен, составен од многу меѓузависни фази и е веќе прифатен од Вашингтон“, а главната цел е институционализирање на односите на Кипар со НАТО, според информациите на „Катимерини“.
Кипар побарал од САД да се исполнат три главни стратегиски цели: можност за набавка на одбранбена опрема од Вашингтон, дополнителна надградба на полето на заедничката обука на припадниците на кипарската национална гарда во воените академии на САД и одлучувачки придонес на САД во постепената модернизација на одбранбените капацитети и на воените сили, објектите и средствата на Кипар според стандардите на НАТО. Р.С.