Претседателот на Собранието Африм Гаши, денеска, во рамки на официјалната посета на Република Косово, оствари средба со претседателот на косовската Влада Албин Курти, информираа од законодавниот дом.
Во соопштението од собраниската прес-служба стои дека на средбата Гаши го потврдил афирмативниот став на земјава за пристапување на Косово кон сите мултилатерални и регионални организации, како и дека во иднина Македонија ќе продолжи со ваквата поддршка.
Претседателот на законодавниот дом искажал подготвеност за македонското Собрание да ги сподели искуствата во процесот на усвојување закони и надзор врз извршната власт во контекст на реформските процеси, како на патот кон Европската унија, така и во однос на членството во НАТО.
Косовскиот премиер Курти, пак, истакнал дека денешната средба која следи непосредно по Втората меѓувладина конференција е индикатор дека односите меѓу Република Македонија и Република Косово добиваат на динамика, нагласувајќи дека економскиот напредок, соработката на бизнис заедниците и доближувањето на европските стандарди се темелот на соработката меѓу двете држави.
Искажа и подготвеност Собранието да ги сподели искуствата во процесот на усвојување закони и надзор врз извршната власт во контекст на реформските процеси, како на патот кон Европската унија, така и во однос на членството во НАТО. Како земја членка на НАТО, Република Македонија останува посветена на континуираниот ангажман на НАТО во Косово и на придонесот во КФОР.
Гаши нагласи дека иднината на Западен Балкан е во Европската унија и НАТО, а преку заеднички напори државите може да ги надминат предизвиците и да обезбедат просперитет и стабилност за своите граѓани.
Претседателот на Владата, Курти, истакна дека денешната средба која следи непосредно по Втората меѓувладина конференција е индикатор дека односите меѓу Република Македонија и Република Косово добиваат на динамика.
Курти нагласи дека економскиот напредок, соработката на бизнис заедниците и доближувањето на европските стандарди се темелот на соработката меѓу двете држави.
– Република Косово гледа сојузник, пријател и гласноговорник во Република Северна Македонија, и затоа како премиер постојано ја поддржувам комуникацијата и продлабочувањето на соработката, како на парламентарно ниво, така и во сите сфери од интерес на регионот – нагласил Курти.