На турнирот настапија 433 џудисти од 52 клуба од 10 земји
ЏУДО – 13. МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР „МИОКИ ОПЕН“
Џудо-клубот Миоки, предводен од тренерот Игор Паскоски, е најуспешен клуб на 13. меѓународен турнир „Миоки опен“, кој во успешна организација на истоимениот клуб се одржа во Скопје. На турнирот настапија вкупно 433 џудисти од 52 клуба од 10 земји.
Во оваа силна конкуренција Миоки освои девет златни, три сребрени, шест бронзени медали, пехари за возрасната категорија до 13 години (момчиња), 15 и 18 години (девојчиња), пехар за најуспешна екипа на турнирот, како и трофеи за најуспешните натпреварувачки Емилија Паскоска и Ива Богдановска.
Со злато се закитија Огнен Трпковски (категорија до 21 кг), Тео Албановски (до 24 кг), Демир Друштинац (до 27 кг), Сара Спасовски (до 22 кг), сите во возрасната категорија до 13 години, потоа Софија Винокиќ (до 36 кг), Хамида Друштинац (до 40 кг), Емилија Паскоска (до 44 кг), сите во возрасната категорија до 15 години, како и Хамида Друштинац (до 40 кг) и Ива Богдановска (до 63 кг) во возрасната категорија до 18 години.
Деканот на ФФОСЗ, проф. д-р Влатко Неделковски, им се обрати на присутните натпреварувачи и гледачи со краток говор, а потоа го прогласи турнирот за отворен. Г.И.