Минатиот месец, октомври, беше посветен на зголемување на свесноста за ракот на дојка и потребата од редовни прегледи на жените. Сега, во месецот на машкото здравје, ќе потсетиме на потребата од редовни уролошки прегледи. Раното откривање на болестите значи и можност за поефикасно лекување. Раната интервенцијата и негата се приоритет во лекувањето, што води кон здрав и исполнет живот. Она што никако не смее да се заборави е психолошката поддршка за пациентите со канцер
Поставувањето на дијагнозата за малигно заболување секогаш е проследено со силен шок и дистрес, не само за пациентот туку и за семејството, пријателите, колегите, затоа што малигните болести секогаш се изедначуваат со патење, болка, неизлечив и неизвесен исход.
Минатиот месец, октомври, беше посветен на зголемување на свесноста за ракот на дојка и потребата од редовни прегледи на жените. Сега, во месецот на машкото здравје, ќе потсетиме на потребата од редовни уролошки прегледи. Без разлика на тоа дали станува збор за женско или машко здравје, раното откривање на болестите значи и можност за поефикасно лекување. Раната интервенцијата и негата се приоритет во лекувањето, што води кон здрав и исполнет живот.
Она што никако не смее да се заборави е психолошката поддршка за пациентите со канцер.
Покрај професионалната медицинска грижа што пациентите ја добиваат од специјалистите во третирање на карциномот, од големо значење е психолошката и емоционална поддршка за оваа група пациенти. Во моментот кога единствено нешто што се чувствува е страв и неизвесниот, психолошката поддршка е од исклучителна важност. Важно е отворено да се дефинираат сите стравови и тешкотии при справувањето со новонастанатата состојба. Целта на психотераписката поддршка е уште во првиот момент да се препознаат знаците на напнатост, несигурност, стрес, шок, лутина, бес, гнев, нерасположение, тага, плач, раздразливост, осаменост, збунетост, страв, напади на паника, промени во апетитот, сон, спиење, нерасположение за социјални контакти, чувство на безнадежност и беспомошност. И треба да се знае дека ваквите емоции се во ред и дека треба да се чувствуваат и препознаат. Пациентот има целосно право и да се чувствува така. Канцерот и самиот процес на лекување се стресор, а помага психосоцијалната поддршка кон пациентот за воспоставување емоционална рамнотежа. Може да се манифестираат и изразена анксиозно-депресивна симптоматологија, промена во расположението, стравови, страв од смрт, неизвесност, немир и промени во однесувањето како последица на поставената дијагноза. Без повеќестрана поддршка, тој психофизички немир ќе дејствува на целокупниот тек на лекувањето.
Психолошката поддршка може да го подобри квалитетот на живеење на пациентите и враќање на психолошката рамнотежа. Таа е многу важна на патот во третманот на болеста. Не може да ги избрише дијагнозата, стравот и вознемиреноста, но таа дава поддршка пациентите да бидат поспособни да се справат со својата болест и подобро да се заштитат од поголемо психолошко нарушување. Умот и телото се во постојана комуникација. Мора да се знае дека денешните медицински достигнувања значајно влијаат на третманот и намалувањето на смртниот исход од карцином. Секако влијаат и на подобрување на квалитетот на живот кај пациентите кај кои е дијагностицирана ваквата состојба. Психолошката поддршка подразбира разговор со пациентот, поддршка, охрабрување и насока, кои ќе му помогнат во понатамошниот третман на пациентот. Пациентот учи како со сопствените квалитети да се избори со стресната состојба и како со своите механизми на одбрана подобро да се адаптира кон новонастанатата состојба. Особено треба да се работи со пациенти што се нагласено тажни и уплашени и кои покажуваат обид да се избега од реалната состојба за да знаат дека не се сами. Целта на психоонкологијата е давање психосоцијална поддршка за пациентите со надеж за зголемување на квалитетот на животот на пациентите. Сепак, канцерот не дејствува само во негативна смисла кај пациентите. Пациентите што се соочуваат со канцер учат многу вредни лекции во текот на нивната борба, учат за издржливост, за важноста на поддршката, за приоритетите во животот, за управување со стресот и емоциите, за прифаќање на неизвесноста и живеење во моментот. Овие лекции не само што помагаат во процесот на лекување и закрепнување туку и го збогатуваат животното искуство на пациентите, им даваат сила и нова перспектива за животот.
Марија Миркуловска
Авторката е психолог-консултант