По објавената информација за забрана на пиење на водата во Берово поради зголемено количество на манган, од утре до сите граѓани во Берово ќе биде доставена вода со цистерни, која ќе се полни од соседно Делчево, информираа од комуналното претпријатие во Берово.
Во разговор со надлежните, како што информираат, ќе бидат испратени примероци од вода до неколку лаборатории во државата и во зависност од добиените резултати, граѓаните дополнително ќе бидат известени за состојбата со користење на водата за пиење.
Од вчера во Берово водата е дозволена да се користи само за техничка употреба, откако анализите покажаа зголемено присуство на манган.
Дозволеното нормално присуството на манган во водата за пиење треба да изнесува 0,5, додека во добиените резултати за водата во Берово е зголемена на 0,11, што е нешто што првпат е констатирано по анализите на водата од водоводниот систем во Берово.
– Сепак не треба да се крева паника, иако во текот на вчерашниот ден, граѓаните за кратко време ги испразнија маркетите во градот и масовно купуваа вода за пиење.Упатуваме апел до сите стопанственици и сопственици на маркети, да бидат општествено одговорни и доколку сакаат да помогнат на граѓаните со бесплатна флаширана вода, бидејќи секој не може да си дозволи секојдневно да купува – се вели во соопштението од надлежните.
За распоредот и доставата на вода по реони во градот од претпријатието ќе излезат со дополнително соопштение во текот на денот.