Во Скопје денеска биле пронајдени и вратени на родителите две загубени деца – информираат од Министерството за внатрешни работи.
Машкото дете на возраст од четири години, кое било со тротинет и не зборувало, според информациите на МВР, било пронајдено во 11.50 часот на улица „Стефан Цветковиќ“ во Скопје, во близина на Народна банка.
– Околу 14.30 часот детето било пријавено за исчезнато во Полициската станица Чаир и набргу потоа во Полициската станица Центар е предадено на родителите – стои во соопштението од МВР.
Дополнуваат дека денеска во Бит Пазар од граѓани било пронајдено петгодишно девојче кое било однесено во градинката „Фидани“ од каде била земена од нејзината мајка.