фото: Влада

Премиерот Христијан Мицкоски попладнево, на средба со пензионерите во Гази Баба, порача дека Владата продолжува да работи посветено за сите граѓани. Тој потсети дека за 100 дена Владата ги покачи пензиите, како и дека ги обезбеди оние пет милијарди за исплата на досегашните висини на пензиите.

Се осврна и на позитивната листа, потенцирајќи дека на неа се додадени уште девет генерички лекови, а листата, напомена, ќе продолжи да се дополнува.

– Многумина нѐ прашуваа „од каде ќе најдете пари, како ќе најдете пари“. Успеавме да најдеме пари, а пари најдовме на начин на кој не сакавме да ги крадеме граѓаните, не сакавме да ве крадеме вас, туку сакавме да работиме чесно, достоинствено и на тој начин да имаме поголем прилив во Буџетот и со тој поголем прилив да овозможиме вие да уживате во тоа што сте го заслужиле, работејќи макотрпно целиот ваш работен век. И зашто требаше да поминат 100 дена? Зашто овие 100 дена кога го правевме планот беа претпоставени дека ќе бидат доволни да можеме да акумулираме доволно заштеда за да овозможиме да имаме најпрво половина од онаа сума што ја ветивме, а потоа за уште 6 месеци со новиот Буџет и втората половина што во рок од 9 месеци, не од година, да го испорачаме тоа ветување што сме го дале – истакна премиерот.

Мицкоски потсети и што наследиле од претходната власт.