Сараево вчера беше најазагден град во светот со индекс на квалитетот на воздухпт од 268 единици, соопштија американските власти врз основа на податоците за загаденоста на градовите во кои се стационитани амбасадите на САД.
Според овие податоци, вчера во 14 часот, Сараево било позагадено и од Пекинг, каде квалитетот на воздухот изнесувал 242 единици,
– Вредност на индекост на квалитетот на воздухот меѓу 201 и 300 единици може да предизвика сериозни здравствени проблеми, се наведува во предупредувањето на властите на САД.
Босанските медиуми наведуваат дека податоците за квалитетот на воздухот во Сараево измерени во Амбасадата на САД, би можеле да се разликуваат од оние регистрирани на други локации во градот и дека податоците од една контролна станица не важат за целата градска територија.