Фото: „Нова Македонија“

Во вонредни инспекциски надзори во Кичево, Струга и Охрид уништени се 187 килограми небезбедна храна, а изречена е и парична казна од 1.400 евра.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство информираат дека во Струга е казнет маркет со 1.400 евра поради пласирање на небезбедни производи на пазарот. Уништена е храна во количина од 15 килограми, а казната е изречена за утврдените недоследности (немање декларации, нечитки декларации на производите, несоодветно означување на производите, продажба на храна со поминат рок и слично).

Во Струга казнета е и месарница со 500 евра во денарска противвредност поради пласирање на небезбедни производи на пазарот. Уништени се 50 килограми храна од животинско потекло.

Во Охрид со 500 евра казнета е гостилница каде инспекциските служби на АХВ при спроведен вонреден надзор утврдиле недоследности и уништиле 15 килограми небезбедна храна.

– Кај некои од операторите утврдени се незадоволителни хигиенски услови, вршење на активност која не е одобрена од АХВ, непоседување на санитарни книшки за вработените и друго. Покрај вонредните засилени контроли, постапувањето по поднесени претставки и предлози, инспекциските  служби на АХВ ги спроведуваат редовните контроли согласно Годишниот план за вршење на инспекциски контроли – велат од АХВ.

Оттаму додаваат дека во првите шест месеци од годинава  спроведени се 24.335 инспекциски контроли при што изречени се 2.433 инспекциски мерки. Уништени се 37,6 тони и 13.654 литри небезбедна храна.