Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман изјави дека неговата земја нема да ги нормализира односите со Израел без исполнување на два услови.
-Ја повторуваме осудата на злосторствата на израелските окупациски власти врз палестинскиот народ – изјави престолонаследникот Мохамед бин Салман на отворањето на сесијата на Советодавното собрание Шура.
– Кралството нема да ги прекине своите неуморни напори да воспостави независна палестинска држава и да го направи источен Ерусалим нејзин главен град, а ние потврдуваме дека кралството нема да воспостави дипломатски односи со Израел без тоа – додаде Салман.
Договорите за нормализација од 2020 година, посредувани од тогашниот американски претседател Доналд Трамп, меѓу Израел и Бахреин и Обединетите Арапски Емирати ставија крај на долгогодишниот арапски консензус дека не треба да има нормализација без независна палестинска држава и го ставија во центарот на вниманието нивниот помоќен сосед Саудиска Арабија. .
Претходно овој месец, американскиот државен секретар Ентони Блинкен изрази надеж за брза нормализација на односите пред крајот на мандатот на претседателот Џо Бајден.