Според Лав Николаевич Толстој

Еден од најголемите писатели на сите времиња, Лав Николаевич Толстој, е роден на 9 септември 1828 година. Тој е најпознат по неговите дела „Ана Каренина“ и „Војна и мир“, кои ја прикажуваат психолошката и социјалната заднина на Русија во 19 век. Бил есеист, драматург, критичар и морален филозоф, а покрај сѐ и пацифист и левичар.

За време на својот живот, Толстој споделил многу мудрости со своите колеги, пријатели и со обичниот свет, кои може да бидат наша ѕвезда водилка и денес. Денеска истакнуваме една посебна, а се однесува на срамот.

Имено, Толстој верувал дека од ниту една работа во животот не треба да се срами, а мрзливоста ја опишал како најлоша и најсрамна човечка особина.
– Не треба да се срамите од ниту една работа, ниту од најодвратната, треба да се срамите само од безделничкиот живот – рекол Лав Николаевич Толстој.