Фото: ЕПА

ФУДБАЛ

Со победничкиот гол на мечот на Португалија со Шкотска (2-1) во фудбалската Лига на нациите, Кристијано Роналдо постигна погодок против 48 различни репрезентации во својата кариера. Роналдо на овој натпревар во Лисабон влезе во игра од клупата за резерви и ја затресе мрежата во 88. минута за втор триумф на Португалија во новата сезона на лигата А и за водство на табелата во групата 1, со шест бода, пред Хрватска и Полска со по три и Шкотска без бодови. Роналдо сега има вкупно 132 гола за Португалија и 901 во кариерата, клупска и репрезентативна. Н.М.