Како да го заштитите вашето дете
За да го заштитите вашето дете да не стане жртва на високотехнолошкиот криминал при користење интернет, една од важните работи е да поставува силни лозинки и редовно да ги менува. Исто така треба редовно да се следат активностите на децата на интернет и да се учат за безбедноста. На родителите им се препорачува да пријават каква било сомнителна активност што може да ја загрози безбедноста на нивните деца. Во случај децата да бидат жртви на компјутерски криминал, родителите треба веднаш да го пријават случајот кај надлежните институции. Издвојуваме осум совети за безбедно користење интернет.
1. Размислете добро пред да ги објавите или испратите вашите фотографии или видеа на некого, бидејќи – штом ќе се постават на интернет, тие стануваат јавни.
2. Никогаш не согласувајте се на состанок со личност што сте ја запознале на интернет.
3. Креирајте безбедни профили на социјалните мрежи и другите онлајн услуги со поставување лозинки што не се едноставни.
4. Не прифаќајте секого за пријател, бидејќи на интернет никогаш не можете да знаете со кого комуницирате, освен ако лично не ја познавате таа личност.
5. Не објавувајте лични информации на интернет: домашна адреса, име на училиште, адреса на е-пошта и број на мобилен телефон.
6. Разговарајте со родителите за проблемите во виртуелниот свет.
7. Постојат бесплатни апликации за родителска контрола што може да се користат за да се ограничи пристапот на детето до неовластена содржина.
8. Важно е да се пријави во надлежните институции доколку детето е жртва на компјутерски криминал.