ОДБОЈКА
Македонија квалификациите за ЕП ги продолжува в година, со дуел со Грција
Женската одбојкарска репрезентација на Македонија го забележа и вториот пораз, во второто коло од квалификациите за пласман на Европското првенство (ЕП) во 2026 година во Азербејџан, Чешка, Шведска и во Турција. Во Солун загуби од фаворизираната селекција на Грција со 0-3 (8-25, 14-25, 11-25), во меч од групата Ф.
Квалификациите продолжуваат во август в година, кога Македонија ја пречекува Грција. Стојанова беше најефикасна кај Македонките со седум поени, по два освоија Баталаковска, Јонузи, Павловска и Дикова, а по еден Бошковска, Долдурова и Хаџитосева. Во ова коло слободна беше селекцијата на Австрија, која во првото коло загуби од Грција дома со 0-3.
На ЕП 2026 ќе се пласираат победниците на седумте квалификациски групи и петте најдобри меѓу второпласираните. Обезбеден пласман имаат домаќините на ЕП 2026, како и Србија, Холандија, Италија, Полска, Франција, Бугарија, Украина и Словачка според пласманот на ЕП 2023. Г.И.
ВЕЛОСИПЕДИЗАМ – ВУЕЛТА
Данбар победи на 11-та етапа, Роглич го намали водството на О’Конор
Еди Данбар од Република Ирска, кој беше седми на минатогодишното издание на трката Џиро д’Италија, победи на 11-та етапа на трката Вуелта, во Шпанија, за својата прва етапна победа на велосипедска грантур-трка, пишува „Би-би-си“. Австралиецот Бен О’Конор останува на чело на генералниот пласман по 11 етапи, но загуби 37 секунди од своето водство пред Словенецот Примож Роглич. Пласман по 11-та етапа: Бен О’Конор, Примож Роглич (плус 3:16 минути), Енрик Мас (плус 3:58 мин.), Ричард Карапаз (плус 4:10 мин.), Микел Ланда (плус 4:40 мин.), Карлос Родригез (плус 5:23 мин.), Флоријан Липовиц (плус 5:29 мин.), Адам Јејтс (плус 5:30 мин.), Феликс Гал (исто време), Џорџ Бенет (плус 5:46 мин.). Н.М.